Управувањето со квалитетот на храната сега е конкретна цел на развој за организациите кои работат во земјоделско-прехранбената индустрија, која е директно поврзана со заштитата на здравјето и заштитата на животот.
Обезбедувањето на безбедност и квалитет на она што се произведува и дистрибуира, препознавањето и управувањето со факторите на ризик и соопштувањето на оваа заложба на јавноста, станаа пресудни за успехот и опстанокот на брендовите, производителите и компаниите. Сите учесници во комплексната мрежа на синџирот на снабдување со храна се засегнати од овие нови барања; од земјоделските активности, риболовот и сточарството, продолжувајќи преку индустријата за преработка и дистрибуција, складирање и транспорт; до трговците на мало. Поседувањето на строг систем за менаџмент и ефикасно раководење на процесите и придружните ризици е средство за стекнување доверба; обраќајќи се на загриженоста на клиентите и потрошувачите, соопштувајќи им ја грижата за обезбедување на квалитет, сигурност, компетентност и ефикасност при производството, пакувањето и дистрибуцијата.
Со оглед на комплексноста на синџирот на снабдување (производсто и трговија), моделот на системот за управување со безбедност на храната стана многу специјализиран и вклучува регулаторни барања и барања за производство за секоја позиција во самиот синџир на снабдување со храна. Стандардот ISO 22000 можат да го применуваат сите организации во синџирот на производство и трговија со храна, вклучувајќи ги производството на сточна храна и земјоделието. Тој ги комбинира признатите клучни елементи за безбедност на храната, како што се интерактивната комуникација, менаџментот со системи, контролата на процеси, начелата на HACCP и таканаречените предусловни програми (prerequisite programs, PRP).
Комуникацијата долж синџирот на производство и трговија со храна мора да обезбеди да се препознаат опасностите по здравјето предизвикани од храна на секое скалило во синџирот и со нив да може во доволна мера да се управува. Предуслов за тоа е јасната поделба на задачите и улогите за ефикасна интерактивна комуникација долж целиот синџир, со цел крајните потрошувачи да се снабдат со безбедна храна.
EN ISO 22000 ширум светот е усогласен стандард за сите организации во целокупниот синџир на производство и трговија со храна
Цели
- Подобрување на безбедноста на храната
- Подобрување на квалитетот на производите
- Јакнење на заштитата и довербата на потрошувачите
- Зголемување на ефикасноста на трошење во синџирот на производство и трговија со храна
- Интерактивна комуникација
- Менаџмент со системи и контрола на процеси
- Применување на таканаречените предусловни програми (prerequisite programs, PRP) како основи на функционален HACCP