Менаџментот за животна средина во склад со социо-економските барања резултира како круцијален елемент во стратешкиот менаџмент на една компанија, поради неговото убедливо влијание на производите во компанијата, процесите и на организацијата во целина.

Како резултат на тоа, основна цел на менаџментот за животна средина е потикнување на севста и спроведување на заштита на животната средина и превенција од нејзино загадување врз основа на социо-ецономските барања. Стандардот ISO 14001 е наменет за секаков вид на организација која се стреми кон континуирани подобрување на системот за менаџмент за управување со животна средина.

 

Основни предности и бенефиции според стандардот ISO 14001 се:

  • Идентификација на можните непогодности во животната средина
  • Намалување на ризикот со одредувањето на можните ризици во животната средина нивните процеси и ефекти, преку превентивни мерки
  • Придржување кон законските барања за еколкогија/заштита на животната средина
  • Превенција и намалување на штетни емисии и отпадоци
  • Подобрување на готовноста и реацијата при итни случаеви
  • Зголемување на прифатливоста и приемчивоста помеѓу сите заинтересирани страни, имено вработените, клиентите, јавноста и регулаторни тела
  • Намалување на трошоците преку разоткривање на повеќето можности за економичните пристапи кон енергијата и ресурсите
  • Зголемување или подобрување на имиџот на компанијата
  • Намалување на ризикот од одговорности од страна на одговорните и топ менаџментот

 

Стандардот ISO 14001 пропишува 5 основни елементи или критериуми за сертификација кои имаат свои соодветни барања, а тоа се следниве:

 

1. Политика за заштита на животната средина

    • Одговорност и залагање на топ менаџментот за заштита на животната средина
    • Поставување на цели и активности за заштита на животната средина
    • Обврзување кон континуирано подобрување, превенција од загадувања и усогласеност со секакви законски регулативи
    • Прецизирање на мисија и визија, или модел

2. Планирање

    • Одредување на организациони анализи
    • Дефинирање на цели и програми на организацијата
    • Препознавање на критичните процеси и одредување на мерки за подобрување

3. Имплементација

    • Дефинирање на прикладни работни структури и работилници
    • Назначување и документирање на одговорности и способности
    • Потреби од посебни обуки
    • Изготвување на план за потенцијалени итни случаеви
    • Интерна комуникација и документација

4. Проверки

    • Систематско контролирање и мерење на активностите и процесите поврзани со системот за заштита на животната средина
    • Корективни и превентивни мерки
    • Изработување на регистри за заштита на животна средина
    • Правење на повремени EMS аудити од независни сертификациони тела

5. Преиспитување од страна на раководството

    • Континуирано преиспитување и подобрување на системот за заштита на животна средина

 

MQS нуди сертификација на ISO 14001:2015 – Системите за управување со животна средина, согласно утврдениот опсег од Институт за Акредитација на Република Македонија.