Квалитет во работењето овозможено од компетентност во интегрираните системи за управување

Најважната карактеристика на МКС доо. ,лиценциран парнер на Quality Austria Ltd., е нејзината компетентност за интегрирани системи за управување кои го обезбедуваат и зголемуваат квалитетот на работењето во организациите. Основата на работење на МКС ДОО се темели на правилата и прописите проследени од Институтот за акредитација на Република Македонија. Со цел да ја задржи уникатноста МКС ДОО ги исполнува барањата од ИАРМ и воедно доследно се придржува на правилата и прописите на Quality Austria Ltd. во светски рамки. Имено, се води од намерата да го подобри квалитетот на работење кој исто така го вклучува и квалитетот на производот/услугата на нејзините клиенти.

 

Неоспорен пример

МКС доо. е неприкосновен пример за теми поврзани со интегрирани системи за управување во Македонија. Како партнер на Quality Austria Ltd., МКС доо. поседува голем спектар на услуги кои кореспондираат на големи и темелни проекти поврзани со стандардите за управување со квалитет.

 

Ориентираност од стекната пракса

Аудиторите и техничките експерти на МКС доо. се високо квалификувани, и располагаат со големо стекнато, како теоретско знаење така и практично искуство.

 

Автономни аудитори

Текот на проверката со додадена вредност е автономен и објективен релативно врз потребите и барањата на стандардот за кој станува збор.

 

Услужна компанија која обезбедува фамилијарни вредности

Како услужна компанија која обезбедува фамилијарни вредности, МКС доо, како и персоналот со кој располага се карактеризираат со ентузијазам и посветеност кон постојано подобрување. МКС доо. заедно со другите интернационални партнери на Quality Austria Ltd. ќе продолжат да ги задржат овие вредности и во иднина.

 

Исклучителeн углед

Угледот кој го поседува МКС доо, овозможува да и понатаму се спроведуваат услуги со врвен квалитет, извршени од најдобрите аудитори кои ќе ги задоволат потребите како и на нашите добро познати клиенти така и на сите наредни клиенти кои имаат потреба од подобрување на квалитетот во работењето врз основа на добро познатите меѓународни стандарди.