ISO 45001 (Occupational Health and Safety) стандардот претставува менаџмент систем за безбедност и заштита при работа и здравје, кој се однесува за сите организации независно од нивната големина и дејност. Превземањето на овој стандард вклучува активности за подобрување на процесот за безбедност при работа, а исто така и ја зголемува свеста за ризиците при работа. Постојат одредени законски регулативи кои доведуваат до континуирано подобрување и заштита при работа. Компаниите кои се сертифицирани по ISO 45001 стандардот имаат поголема доверба помеѓу клиентите, вработените, инвеститорите, добавувачите и владините институции. Дел од елементите од ISO 45001 можат да се комбинираат со  ISO 9001:2015 и ISO 14001:2005 стандардите, при што би можело да се воочи дека ISO 45001 кореспондира со ISO 9001:2015 стандардот за систем за менаџмент со квалитет.

 

Со воспоставување на менаџмент системот за безбедност и заштита при работа се:

  • Намалуваат ризиците  кон сите заинтересирани страни кои би можеле да бидат изложени на ризиците на организацијата, имено вработените, клиентите итн.
  • Континуирано подобрување на безбедноста и заштита при работа
  • Воведување на безбедност и заштита при работа & здравје на ниво на целата организација во согласност со ISO 45001 Сертификатот
  • Производите и процесите се анализирани методично
  • Мерките се дефинирании, набљудувани и одредени

 

ISO 45001 (Occupational Health and Safety) стандардот може да биде имплементиран во секаков вид организација и во голема мера зависат од фактори како што се полиси за безбедност и заштита при работа за одредениот вид на организација, нејзините активности како и ризикот и комплексноста  на процесите.