Благодарение на ISO 9001, задоволството на клиентите и фокусирањето на процесите станаа главни критериуми за ефикасноста и ефективноста на системот за менаџмент со квалитет. За организации од било која големина, сектор или географска локација, посветеноста на квалитетот стана многу голема одговорност; правилното управување со квалитетот е основа за траен однос и доверба на сите заинтересирани страни, за одржување на консензусот и на крај, за опстанокот на самата организација. Од 1987 година, различни правила и прописи ги утврдија организационите барања за доброволно управување со квалитетот, кои се потоа имплементирани низ годините во модели поблиски до интегриран пристап кон вкупниот квалитет. Со објавувањето на најновата верзија на ISO 9001:2015 за првпат се воведува барањето за управување со ризици.
Денес е можно да се идентификуваат осум основни принципи за управување со квалитетот, кои се на располагање на раководствата на организациите за да ја подобрат ефикасноста. Истовремено овие принципи се основа на стандардите од системот за управување со квалитет во ISO 9000 семејството:
1. Фокусирање кон клиентите: Организациите се зависни од однесувањето на нивните клиенти, и секогаш треба да се разберат постојните барања, да се предвидат идните желби и да се исполнат промените на очекувањата низ времето.
2. Лидерство: Раководството е одговорно за ускладување на стратегијата и нејзиното спроведување во организацијата. Тоа меѓу другото е одговорно за создавање на опкружување во кое поединците работат и се развиваат во насока на остварување на заедничките цели на Организацијата.
3. Вклученост на персоналот: вклучување на ресурсите на сите нивоа на организацијата за да се ангажираат индивидуалните способности на сите во корист на организацијата како целина.
4. Процесно ориентиран пристап: постигнувањето на посакуваните резултати е поефикасно, доколку сите сродни активности и соодветните ресурси за нив се организираат, изведуваат, раководат и управуваат како процеси.
5. Системски ориентиран пристап кон управувањето: интегрирање на сите процеси во рамките на системот со цел зголемување на ефикасноста и ефективноста на организацијата.
6. Континуирано подобрување: континуираното подобрување на вкупните перформанси на организацијата мора да биде постојана стратешка цел.
7. Одлуки базирани на факти: подобрување на одлуките на организацијата, базирано врз анализа на веродостојни записи од податоци и информации.
8. Односи со добавувачите кои се од взаемна корист: секоја организација има меѓусебно зависни односи со своите добавувачи кои ја зголемуваат способноста на создавање на додадена вредност за обете страни.
Мотивација и корист
Постојат многу причини кои ја потврдуваат користа од воведувањето на менаџмент со квалитет во согласност со ISO 9001 стандардот: